Проблеми за Реал: Без Азар против Сити и Барса!? (ФОТО)

фото: твитер

Не можат да запрат проблемите на „Бернабеу“, повторно во центарот на вниманието е една од главните ѕвезди во „кралскиот“ клуб, Еден Азар.

Белгискиот репрезентативец Азар изминатите три месеци беше надвор од терените поради повреда на зглобот, врза два натпревари по ред, а потоа нова лоша вест за фановите на овој клуб.

Беше стартер против Селта, од почетокот беше и на дуелот со Леванте на нашиот Енис Барди, а на стадионот „Сиутат де Валенсија“ издржа нешто повеќе од еден час на теренот.

Зизу беше принуден да ја замени „седумката“ во 67. минута поради болки во зглобот, повреда која ја имаше од претходно во текот на сезоната.

Само што се опорави, шпанските медиуми веќе шпекулираат дека му следува нова пауза на Белгиецот.

– Лошо е чувството. Не е добро. Како да ја обнови повредата. Има болки, а ќе видиме после тестовите како ќе биде – рече Зидан после поразот од Леванте (0:1).

Наредната недела Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите го очекува Манчестер сити (26 февруари), а потоа ќе биде домаќин на Барселона во популарното „Ел Класико“ (1 март). Настапот на Азар на овие големи и важни мечеви е под знак прашалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот