Проблеми за Премиер лигата, десет случаи на коронавирус

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

На последната рунда на тестирата која ја спроведе Премиер лигата, доби загрижувачки резултати.

Според Би-Би-Си во периодот помеѓу 21. и 27. септември биле тестирани 1.595 фудбалери, тренери и членови на екипите од Премиер лигата, а резултатите покажаа дека десет лица се позитивни на ковид-19.

Според правилата на Премиер лигата, не се објавени имињата на лицата кои се позитивни, и тие се испратени во карантин на десет дена.

Премиер лигата секоја недела врши тестирања на коронавирус во сите 20 екипи кои играат во најатрактивната фудбалска лига.

Оваа сезона во Премиер лигата стартуваше на 12. септември откако пандемијата на коронавирусот предизвика доцнење на финишот на минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот