Проблеми за Клоп, Ливерпул без Хендерсон до крајот на сезоната!?

EPA-EFE/PETER POWELL

Кога се чини дека не може полошо од моменталната ситуација, уште еден фудбалер на Ливерпул се здоби со повреда.

На ред дојде Џордан Хендерсон, капитенот кој оваа сезона игра како дефанзивец поради повредите на Виржил ван Дајк, Гомез, Фабињо и Матип, мораше да го напушти Мерсисајд дербито пред неколку дена.

Официјалните резултати пристигнаа денеска, според предвидувањата 30-годишниот играч ќе мора да паузира еден месец, но и се шпекулира дека би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Нема да биде подготвен за реваншот од Лигата на шампионите против Лајпциг, кој е закажан за 10 март.

Играчот за врска се очекува да се врати на теренот по репрезентативната пауза, а „црвените“ се надеваат дека ќе биде подготвен за пресметката со Арсенал на 3 април.

Пред тоа ќе ги пропушти и натпреварите со Шефилд, Челси, Фулам и Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот