Проблеми за Балотели, оди во затвор?

twitter/Goal

Фудбалерот на Бреша се наоѓа пред голем проблем.

Марио Балотели е во центарот на скандал во Италија поради сексуални односи со малолетна девојка. Според локалните медиуми, Балотели бил во врска со неименувана девојка од Виќенца кога таа имала само 17 години поради што се наоѓа во големи проблемио.

Прво, девојката го уценувала Балотели и барала 100.000 евра за да молчи и да не открие дека тој спиел со малолетничка бидејќи италијанскиот закон е еден од најригорозните во Европа за ваквите престапи.

Сепак, тука не бил крајот на проблемите за фудбалерот бидејќи девојката му се заканила дека ќе го пријави во полиција за сексуално малтретирање и по одредено време, случајот се нашол во рацете на полицијата во Виченца.

Доколку случајот заврши на суд, Марио Балотели лесно може да се случи да заврши во затвор, но исто така и девојката треба да докаже дека не го уценувала фудбалерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот