Проблеми за Англичаните, пред Лигата на нации дури тројца репрезентативци позитивни на корона

epa06317671 England national soccer team goalkeepers (L-R) Jack Butland, Joe Hart, and Jordan Pickford perform during their team's training session at St Georges Park in Burton Upon Trent, Britain, 09 November 2017. England will face Germany in their International Friendly soccer match on 10 November 2017. EPA-EFE/PETER POWELL

Англиската фудбалска федерација (ФА) е уверена дека доколку се појави уште еден позитивен случај, нивните натпревари ќе се одложат.

Новата фудбалска сезона започна со настапите во квалификациите за европските купови, најсилните фудбалски лиги стартуваат наскоро, а истото ќе биде и со репрезентативните настапи, а веќе во големи проблеми поради коронавирусот се наоѓа репрезентацијата на Англија.

УЕФА веќе изработи план според кој сите мораат да се придржуваат, а доколку некој од фудбалерите од екипите кои играат во европските купови е позитивен следи исфрлање, но засега не се знае како ќе ги третира репрезентациите доколку имаат заразени играчи од коронавирус.

Според весникот „Дејли Меил“, најмалку тројца англиски репрезентативци се позитивни на коронавирус и тоа пред натпреварите од Лигата на нациите, против Исланд кој се игра на 5. септември и против Данска (8. септември).

Првата репрезентативна акција во новата сезона сигурно ќе ја пропуштат играчите на Челси, Тами Абрахам и Мејсон Маунт, но засега не се наведува името на третиот фудбалер кој е позитивен на коронавирус. Покрај тројцата играчи кои се позитивни на ковид-19, селекторот Герет Саутгејт го отпиша и капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер кој е осуден поради тепачка, закани и обид за мито во Грција.

Доколку се појави уште некој случај на позитивен фудбалер на коронавирус, во ФА се надеваат дека УЕФА ќе ги одложи нивните натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот