Џенифер Гарнер и Џон Милер / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Проблеми во врската: Дечкото на Џенифер Гарнер ѝ поставил ултиматум поради блискиот однос со Бен Афлек

Џон Милер, партнерот на Џенифер Гарнер, ѝ постави ултиматум на актерката откако неодамна папараците ја фотографираа неа како ужива во друштво на поранешниот сопруг Бен Афлек.

Имено, извор за „Пејџ сикс“ изјави дека Џон отсекогаш го поддржувал рамноправното учество на Џенифер и Бен во воспитувањето на нивните деца, но верува дека сега ја преминал границата.

„Џон знае дека ништо не се случува меѓу Џенифер и Бен, но тој мисли дека овие фотографии не се ласкави и не ги почитуваат нивните односи“, рекол тој.

Тој понатаму открил дека Џон ѝ дал ултиматум на Џенифер – не сака да види нешто слично или ќе раскине со неа.

Да потсетиме, актерката беше во брак со Бен Афлек од 2005 до 2015 година. Тие го имаат синот Семјуел и ќерките Виолет и Серафина. Друг извор неодамна откри дека тој е заинтересиран да ги смири, но дека таа не планира да го направи тоа.

По пожарите во Лос Анџелес, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се сè поблиски, а момчето на актерката се чувствува како „трето тркало“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот