Проблеми во Шпанија, Барселона не не враќа на терените ако нема гаранции

Во каталонскиот клуб се сакаат да го ризикуваат здравјето на своите фудбалери.

Лидерот на табелата во Ла Лига им порача на челниците на натпреварувањето дека здравјето и безбедноста на фудбалерите се најважни, пренесува каталонскиот весник „Спорт“, кој пишува дека клубот сериозно ја разгледува можноста воопшто да не се врати на теренот сезонава доколку нема гаранции.

Проблем за Ла Лига може да претставува тоа што овој став го поддржаа уште неколку екипи кои веќе ги контактирале колегите во Барселона за да дадат поддршка за нивната одлука. Според весникот, најмалку уште шест екипи од Ла Лига се согласуваат со барањето на Барселона.

Ваквиот став на Барселона и на останатите екипи не е поради непочитувањето на челниците на Ла Лига, туку обид да се зголеми грижата за здравјето на фудбалерите.

Во Барселона се свесни за економските последици со кои би се соочиле доколку не се вратат на теренот. Медицинскиот тим на Барселона засега смета дека опасноста по враќањето на теренот е голема и дека фудбалерите сериозно го ризикуваат здравјето и ќе препорачаат да не се избрзува со враќањето на теренот.

Во Барселона сметаат дека здравјето на фудбалерите можат да го гарантираат во клубот и клупските објекти, но не и во случај на патувањата каде би имало и неконтролирани контакти.

Челниците на Ла Лига се заканија со санкции за екипите кои не сакаат да ја доиграат сезоната, но од Барселона порачуваат дека инсистираат да се следат насоките од шпанското министерство за здравство.

Фудбалерите на каталонскиот клуб, и останатите клубови кои ја поддржуваат иницијативата, немаат намера да потпишат никаков докмент со кој би ја презеле личната одговорност за враќање на терените.

Идејата на Ла Лига е екипите со тренинзи да започнат на 11 мај, а првенството би се продолжило во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот