Проблеми во креветот кои се јавуваат буквално во секоја љубовна врска

Сите парови се соочуваат со одредени проблеми во спалната кои не сакаат да ги признаат. Честопати одлучуваат да се однесуваат како овие проблеми да не постојат. Тие се плашат дека разговорот за нив би можел да доведе до конфликт со партнерот, па дури и до прекинување на врската. Меѓутоа, следниве проблеми во креветот се јавуваат буквално во секоја љубовна врска, а клучот за нивно одбегнување лежи во добрата комуникација.

1. Нечие либидо е посилно

Голем број мажи имаат помало либидо од нивните понежни половини, но не сакаат да го признаат тоа. Поради тоа, некои мажи не се чувствуваат доволно мажествени бидејќи не можат да ги следат нивните партнерки. Од друга страна, пак, жените се срамат да признаат дека имаат големо либидо иако тоа воопшто не би требало да е така. Мажите секогаш се жалат дека жените не преземаат доволно иницијатива, така што воопшто немојте да се двоумите да му кажете на партнерот дека сте расположени за малку акција. А мажите не би требало да се срамат да признаат дека едноставно не им е дојдено до секс. Кој би ги разбрал подобро од жените?!

2. Тој мисли дека сѐ прави како што треба

Тој се труди, но некои работи едноставно не ви одговараат. Имајте на ум дека тој не може да ги чита вашите мисли. Треба да му кажете точно што сакате и да му објасните како би можел да ги прилагоди неговите техники во однос на вашите потреби. На жените обично им е непријатно отворено да зборуваат за нивните сексуални желби и фантазии, бидејќи се плашат дека партнерот ќе ги смета за чудни и развратни. Но, мажите обожаваат да слушаат такви работи и со задоволство ќе прифатат да научат нови работи од вас.

3. Заглавивте во рутина

Нормално е дека сексот нема да биде секогаш ист како на почетокот од врската. Проблемот лежи во тоа што многу парови уште веднаш сакаат да ги пробаат сите пози и движења. Со текот на времето тие учат што го возбудува партнерот и се држат само до тоа, како рецепт кој води до сигурен оргазам. Никогаш не е доцна да почнете да пробувате нови работи, бидејќи сигурно немате пробано баш сѐ. Зачинете го вашиот сексуален живот со тоа што ќе го замените креветот со некое друго необично место, или, пак, купете нова долна облека која ќе го остави вашиот партнер без зборови. Бидете креативни и целосно препуштете се на вашата фантазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот