Проблеми со пописот во струшко: Од предвидените 8, прифатени само тројца попишувачи од турската етничка заедница

Според објавениот оглас за реонски попишувачи и инструктури од 25 февруари оваа година, Државниот завод за статистика имаше предвидено 8 попишувачи од турската етничка заедница за Струшкиот регион. Но, зачудува фактот што од 8 предвидени попишувачи, без да се запази принципот на правична застапеност, беа прифатени само 3, иако имаше доволно кандитати кои аплицираа од турската етничка заедница за Струшкиот регион, реагира Националното координативно тело на Турците за пописот во Македонија.

-Очекуваме од Државниот завод за статистика да ни даде објаснување „според кои критериуми“ е направена селекцијата, односно од кои причини кандидатите кои аплицирале се одбиени. Бараме што побрзо оваа грешка да се поправи. – стои во соопштението за јавност на Националното координативно тело на Турците за попис. За проблемот информирани се Државниот завод за статистика и надлежните институции и организации, а Националното координативно тело на Турците за попис очекува проблемот да се реши во најбрз можен рок. Во спротивно, оваа одлука ќе го засени пописот и ќе предизвика сомнежи за целикупнот процес околу оваа значајна статистичка операција. – предупредува Националното координативно тело на Турците за попис, се вели во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот