Проблематичниот син на Џо Бајден објавува свои мемоари: Купувал дрога по улиците на Вашингтон, живеел во мотел на автопат…

epa-efe
epa08953322 U.S. President Joe Biden, right, is comforted by his son Hunter Biden and First Lady Jill Biden after being sworn in during the inauguration of Joe Biden as US President in Washington, DC, USA, 20 January 2021. Biden won the 03 November 2020 election to become the 46th President of the United States of America. EPA-EFE/Kevin Dietsch / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден има два сина. За жал, тој остана без постариот Бо кој пред неколку години почина од тумор на мозокот, додека помладиот, Хантер секогаш му создавал проблеми.

Во пресрет на објавувањето на неговите мемоари „Beautiful Thing“, синот на американскиот претседател Џо Бајден, проблематичниот Хантер откри некои детали од неговиот приватен живот и уште еднаш ја разбранува јавноста.

„Купив крек на улиците во Вашингтон и го земав во мојата соба во хотел во Лос Анџелес… Тоа беа денови кога бев толку очаен за пијалок што не можев да издржам да стигнам дома за да го отворам шишето од продавницата за алкохол што е на само еден блок оддалечена од мојот стан“, пишува 51-годишниот Бајден во своите мемоари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WorldWide Tweets (@worldwidetweets2)

Помладиот син на Џо Бајден никогаш не ја криел својата зависност, и често беше вклучен во бројни скандали во минатото, кои повторно ескалираа за време на претседателската кампања на неговиот татко, вклучувајќи ја и неговата љубовна врска со неговата снаа, сопругата на неговиот покоен брат Бо, но и деловни односи со украинската компанија „Бурисима“.

Само во последните пет години, мојот дводецениски брак се распадна, честопати имав вперен пиштол во глава, а во еден момент паднав толку ниско што живеев во мотел на автопат“, напиша Хантер Бајден, откривајќи дека во еден момент од животот дозволил бездомник и зависник, од кого купувал дрога, да се пресели да живее кај него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kathi?? (@hunterrbiden)

Нашата врска беше симболична – ние бевме двајца зависници од крек кои не знаеја како да се извлечат од сето тоа“, откри Бајден, воедно опишувајќи го моментот кога, додека очајно барал дрога, му впериле пиштол во главата.

Поминував покрај луѓе кои спиеја на тенки парчиња картон. Над нив забележав неосветлен шатор. Беше темно темно, и сè што видов беше пиштол вперен во моето лице“, вели Бајден.

Комбинацијата на алкохол и дрога, за среќа, не била фатална во неговиот случај, но сепак, сето тоа се одразило на неговиот изглед и во тоа време, изгубил 20 килограми. Тој кошмар го преживувал додека неговиот татко беше потпретседател на САД кој воедно бил свесен дека неговиот син не е добро и му треба помош.

epa-efe
EPA-EFE/ALEXIS C. GLENN / POOL

Никогаш не ми дозволи да се чувствувам изгубено. Никогаш не ме напушти, не се одрече од мене, никогаш не ме осуди без оглед колку и да беше лоша ситуацијата… Тој веруваше во мене и ми помогна да не потонам уште подлабоко“, призна во своите мемоари, додавајќи дека сето тоа се случило наеднаш кога неговиот постар брат Бо Бајден, почина во 2015 година од тумор на мозокот.

Иако бил близок со својот брат, по неговата смрт тој дури започнал врска со неговата вдовица Хали.

Profimedia
Profimedia

Нашата врска започна во очаен обид да најдеме утеха по љубовта што двајцата ја изгубивме, но тоа само ја продлабочи трагедијата. На крај, ни стана јасно дека не можеме да го вратиме она што недостасуваше“, вели Хантер.

Своите мемоари ги завршува опишувајќи го неговиот живот денес – чист од опијати и алкохол. Хантер Бајден моментално живее во Калифорнија со својата втора сопруга Мелиса Коен Бајден и нивниот мал син Бо, именуван по неговиот никогаш непреболен брат. Покрај него, Хантер Бајден има уште три ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот