ФОТО | Проблематичната актерка ја пронајде својата среќа: Линдзи Лохан се омажи за Бадер Шамас

Фото: Инстаграм

Американската актерка и пејачка Линдзи Лохан вчера објави дека се омажила за финансиерот Бадер Шамас.

Триесет и шест годишната актерка која вчера го прослави роденденот објави фотографија со Шамас, а во описот на фотографијата го нарече својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


„Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Многу сум среќна што си ми ти сопруг“, напишала Линдзи на Инстаграм, а честитки за убавата вест и за роденденот на Линдзи пристигнуваат од сите страни.

„Мојот живот и моето сѐ. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“, ја завршила својата објава Лохан во саботата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


Двојката ја објави свршувачката во ноември.

„Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“, напиша тогаш Лохан во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


– Нивната врска е силна и трае околу две години. Тој е вистинскиот за неа и не работи во индустријата за забава. Тој е менаџер на фондови за богати луѓе – откри извор „Сан“ пред неколку месеци.

ФОТО | „Мојата љубов, мојот живот…“: Се сврши контроверзната актерка и го покажа големиот прстен!

Проблематичната ѕвезда и скандалозниот принц: Ѝ подарил кредитна картичка со милиони

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот