Проблем за Србија, Милосављевиќ го пропушта СП во Кина

Селекцијата на Србија на СП во Кина ќе биде без услугите на искусниот Драган Милосављевиќ кој на натпреварот против Турција на Акрополис Купот, го повреди коленото.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено и кошаркарот наместо во Кина, ќе мора да оди на итна операција.

– Се работи за повреда на лигаментите на коленото која бара интензивни терапии и оперативно лекување, така што за наша жал Драган Милосављевиќ нема да може да настапи на Светското првенство – изјави лекарот на репрезентацијата на Србија, Драган Радовановиќ.
Се очекува кошаркарот денеска да се враги во Белград по што ќе се одлучува каде да се извши операцијата.

Покрај Милосављевиќ, на Мундобаскетот во Кина, најверојатно нема да настапи ниту најискусниот српски репрезентативец Милош Теодосиќ кој исто така се повреди на подготовките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот