Проблем за Полска и Баерн: Се повреди Роберт Левандовски!

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

Капитенот на полската репрезентација, Роберт Левандовски ќе го пропушти претстојниот натпревар против Англија поради повреда на десното колено.

Левандовски постигна два гола во вчерашната победа против Андора од 3:0 во квалификациите за Светското првенство.

Но, мораше да го напушти теренот во 63 минута поради болки во коленото.

Првите луѓе на полскиот фудбал соопштија дека играчот на Баерн ги повреди лигаментите на коленото, 10 дена ќе биде надвор од терените и дека ќе се врати во Минхен каде што ќе се опоравува.

Повредата на Левандовски доаѓа во важен момент кога лидерот во Бундеслигата се подготвува за дербито против Лајпциг в сабота, како и за мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ на 7 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот