Проблем за Милан, без Ибрахимовиќ против Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

„Росонерите“ се наоѓаат во голем проблем пред наредните натпревари во Лига Европа оваа сезона…

Според англиските медиуми, еден од најискусните играчи во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ 10 дена ќе биде надвор од терените, односно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето на 11 март против неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, во можеби најтрактивниот двомеч од ова натпреварување.

Швеѓанецот сезонава игра одлично и покрај повредите, на 14 дуели постигна исто толку голови, но овојпат повредата на бутниот мускул е посилна.

Играчот се надева дека ќе се врати на реваншот една недела подоцна на „Сан Сиро“ против „црвените ѓаволи“ со кои освои три трофеи.

Се очекува во наредниот период да се види кое ќе биде решението за стратегот на италијанската екипа, Стефано Пиоли за првите 90 минути со премиерлигашкиот гигант.

Ибрахимовиќ со интересен одговор зошто не може да биде тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот