Проблем за Македонија: Евролигашот Басконија сака да го ангажира Ти Џеј Шортс?!

фото: kfsm.mk

Новиот македонски кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс се наоѓа во одлична форма и тоа го докажа и на последниот натпревар од Бундес лигата во дресот на Бон против Олденбург.

Неговите фантастични игри го привлекуваат вниманието на евролигашите, а според шпанските медиуми Басконија која е во потрага по нов плејмејкер би можела да го ангажира Американецот со македонски пасош. На првите два натпревари за нашата најдобра репрезентација блескаше во победите над Данска и Норвешка во претквалификациите за ЕП 2025.

Доколку се одлучи да ја прифати понудата на Басконија, тогаш тоа ќе биде проблем за селекторот Александар Јончевски, бидејќи клубовите од Евролигата не ги пуштаат своите играчи да настапуваат за националните репрезентациите во прозорците со термини на ФИБА.

Натурализираниот македонски репрезентативец Шортс по четврти пат во последните осум кола беше прогласен за играч на колото во најсилната германска кошаркарска лига и е сериозен кандидат да биде прогласен за најкорисен играч (МВП) оваа сезона.

Во Бундес лигата има просек од 19,1 поени, 7,3 асистенции и 3,6 скокови по меч, додека во кошаркарската Лига на шампионите 24,2 поени, 6,7 асистенции и 4,2 скокови.

Во последните два натпревари најдобрите македонски кошаркари против Словачка на гости и Норвешка во Осло треба да го потврдат влезот во главните квалификации за ЕП 2025.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот