Проблем за кошаркарите, без Димитријевиќ на дуелот против Естонија

Ненад Димитријевиќ се наоѓа во поширокиот список на селекторот Александар Јончевски/Фото: kfsm.mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година, откако со 87:78 ја совлада Италија. Со победата, „црено-жолтите“ ги задржаа шансите за пласман на Евробаскет, но за тоа потребно е Естонија денеска да загуби од Русија и во утрешниот меѓусебен дуел, избраниците на селекторот Тодоров да слават со девет или повеќе поени.
Но, во тој дуел, Тодоров нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ кој беше најдобар кошаркар во победата над Италија. Димитријевиќ кој натпреварот го заврши со 22 поени, пет скокови и седум асистенции, во финишот од натпреварот при еден дуел со противичкиот кошаркар, заработи повреда на коленото. Повредата е од таква природа што не може да се санира за еден ден и Македонија во утрешниот дуел ќе мора да игра без одличниот бек.

За жал останавме со играч помалку, утре нема да сметаме на Димитријевиќ кој се повреди – изјави Тодоров на прес конференцијата по победата над Италија,.
Ова е м
ногу важна победа за нас, пред сè бидејќи ни дозволува да сонуваме до утре. Италија играше одлично прво полувреме, погоди девет тројки од 14 шута, постигнаа 53 поени и се и одеше од рака. Во соблекувалната, на полувреме зборувавме дека тоа не се реални проценти, во второто полувреме погодија 3/11, и во вторите 20 минути примивме двојно помалку поени. Уште еднаш ќе потенцираме дека нашата репрезентација е во процес на конструкција, дека во неа се вклучуваат некои млади деца, но никој нема да се сеќава на оваа победа, ако утре не победиме. Утре ќе имаме два тешки противника: силната естонска репрезентација и нашиот замор кој е уште поголем проблем, особено ако знаеме дека ќе играме без Ненад Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот