Проблем за Де Бур, Холандија на ЕП без првиот голман

epa08225421 Valencia's goalkeepers Jaume Domenech (R) and Jasper Cillessen attend a training session in Paterna sports city, Valencia, eastern Spain, 18 February 2020. Valencia CF will face Atalanta BC on 19 February 2020 in the first leg of their UEFA Champions League Round of 16 soccer match. EPA-EFE/Manuel Bruque

„Лалињата“ се наоѓаат во групата Ц заедно со Македонија, Австрија и Украина.

Селекторот на Холандија, Франк де Бур, на претстојното Европското првенство ќе мора да игра без својот прв голман, Јеспер Силесен. Силесен е позитивен на коронавирус и автоматски отпадна од списокот на Де Бур.
Згора на тоа, голманот на Валенсија мораше да замине во карантин и го пропушти кампот на „лалињата“ во Португалија.
Селекторот Де Бур не сакаше да ризикува и да чека негативен тест на Силесен, па поради тоа го повика Марк Бизо од АЗ Алкмар кој заедно со Тим Крул од Норич и Мартин Стекеленбург од Ајакс ќе се бори за „единицата“.
Холандија се наоѓа во Групата Ц заедно со Украина, Австрија и со Македонија против која ќе игра во третото коло на 21 јуни во Амстердам.

Видео на денот