Пробиштип со нови мерки за граѓаните

Стручно оперативната група на Општина Пробиштип  донесе заклучок за издавање на дозволи на економските оператори, кои ќе добиваат електронски нарачки. Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека овие фирми  треба да пополнат барање во Општина Пробиштип и тоа во четврток и петок до 12:00 часот, врз основа на што ќе добијат дозволи за работа и движење во време на полицискиот час.

-Што се однесува до лицата кои се во државен карантин-жители на општина Пробиштип, согласно препораките да се избегне патување во групи, им се препорачува да се вратат со сопствени возила, доколку им е потребна помош за превоз, да се обратат во општината која е отворена за помош и ќе им обезбеди возило што ќе ги врати дома, посочи Анастасов.

Тој истакна дека  мерката за дезинфекција на јавните површини и улиците ќе се спроведува со зачестена фреквенција, односно трипати неделно во рамки на територијата на општината, до крајот на оваа недела ќе бидат поставени три пункта за дезинфекција на возила, и тоа на влез во градот од страна на патен правец Штип, поточно кај бензинска пумпа Макпетрол, од страна на патен правец од Кратово влез во градот и пред влез во село Ратавица.

– Во моментот имаме пет лица, кои се во самоизолација, во изминативе денови немаме регистрирано прекршување односно непочитување на полицискиот час. Апелирам за почитување на мерките и да продолжиме со поголема дисиплина, за да ја надминеме оваа кризна состојба со што е можно помали последици, кај секој еден граѓанин, порача Анастасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот