Пробиштип доби три проекти од Агенцијата за рурален развој

Општина Пробиштип годинава доби средства од Агенцијата за рурален развој за реализација на три проекти. Вкупната инвестиција во проектите, кои ќе се финансираат од Агенцијата, но и со учество на Општината е околу милион евра.

Tрите проекти се целосна реконструкција и модернизација на Кино салата во Пробиштипкоја е предвидено да се претвори во современ мултимедијален центар, целосна санација и реконструкција на спомен – паркотБратство Единство со различни рекреативни содржини и санација на патниот правец Пробиштип – село Стрмош – рече Драган Анастасов, градоначалник на Општина Пробиштип.

Оваа општина дополнително од Бирото за рамномерен регионален развој доби  околу 12 милиони денари за изградба на Минеролошки музеј, единствен од ваков вид во државата. На простор од 160 метри квадратни ќе се постави минеролошка збирка на сите експонати, со што рударски Пробиштип ќе добие музеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот