ПРОБАЛА ГРАДНИК, САКАЛА ДА ГО КУПИ: Од она што се случило потоа ѝ се слошило!

градник

Купувањето градник се чини како лесен процес, пробување, плаќање и толку.

Но, една корисничка на Твитер од регионот имала ужасно искуство. Сите сме свесни дека пробувањето на облека во бутик не е најхигиенскиот чин и колку и да се трудиме, секогаш има некој што претходно го пробал парчето облека, а што не практикува високо ниво на хигиена.

Она што ја снашло оваа девојка ја згрозило и нејзе и вработената во продавницата.

Таа на закачалката пронашла модел на градник кој добро ѝ стоел и кога сакала да го плати, тој производ го немало во евиденцијата на бутикот.

На крај, по речиси еден час проверки на моделот и шифрата, се покажало дека всушност тој градник не ни припаѓа на продавницата, туку некој кој претходно пробувал само си го „заменил“, оставајќи го веќе носеното парче на закачалка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот