Признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Владата на седница денеска ја усвои и информацијата за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан.

Прес-службата соопшти дека основа за непречено признавање на квалификациите се системите за квалитет во високото образование преку практикувањето на одредбите од Стандардите и насоките за обезбедување квалитет во Европскиот простор на високо образование (ESG 2015) како и Националните рамки на високообразовните квалификации (QF EHEA).

-Декларацијата за признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан претставува израз на определбите за доследна примена на препораките од Болоњскиот процес, но и настојувањата за придобивка за граѓаните од овие земји, чија мобилност на пазарот на труд или во високото образование ќе биде непречена и едноставна, наведува владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот