„Признавам, виновен сум“: Бил Гејтс жали само за една пропуштена можност

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Коосновачот на компанијата „Мајкрософт“ изјави негова е вината тоа што компанијата ја пропуштила можноста навреме да го развива Windows Mobile (пандан на најкористениот оперативен систем кај компјутерите), за тој да стане основен оперативен оперативен систем за мобилните телефони и таблети, пренесе „Б92“.

Главна причина за тоа, според неговите зборови, бил антимонополскиот случај кој во тој период против „Мајкрософт“ го водеше американското Министерство за правда, нешто на што компанијата тогаш била главно посветена.

Таа тужба имала многу лошо влијание на „Мајкрософт“, бидејќи компанијата не можела да се фокусира на креирање на оперативен систем за мобилни телефони, рече Гејтс во интервју за „Њујорк тајмс“.

Тој смета дека тоа е главната причина зошто денес на мобилните телефони доминира оперативниот систем Андроид наместо Windows за мобилен. Поради таа тужба во „Мајкрософт“ не успеале да го подготват (неименуваниот) оперативен систем за компанијата „Моторола“.

Се претпоставува дека станува збор за моделот „Мото дроид“ од 2009 година, прв Андроид уред кој компанијата „Моторола“ го создаде. Тој телефон имаше големо влијание во популаризацијата на Андроид во САД.

Бил Гејтс вели дека „Мајкрософт“ биле близу до моментот Windows Мobile да „побдеи“, но смета дека самиот тој не посветил доволно внимание и дека ја пропуштил можноста.

„Микрософт“ задоцниле само три месеци, а да успееја да го завршат оперативниот систем малку порано, сигурен е дека „Моторола“ ќе се одлучела за нивниот систем. Меѓутоа, Андроид ја искористи својата шанса и денес луѓето речиси и да не знаат што е Windows Mobile.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот