Признание за Заев за придонес за мир, благосостојба, развој и интеграција на Ромите - Слободен печат
ВестиМакедонија

Признание за Заев за придонес за мир, благосостојба, развој и интеграција на Ромите

Претставниците на Здружението НРЦ, во одделни излагања го запознале премиерот со својата работа и програмски цели, истакнувајќи дека тие работат на подобрување на правата, не само на припадниците на ромската заедница, туку на сите граѓани со различна социјална и етничка структура, особено на маргинализираните и социјално најранливи категории.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на средбата со делегација на здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) доби признание за придонес во обезбедувањето мир, благосостојба, развој и интеграција на Ромите и сите останати граѓани во државата кое го врачи извршниот директор на НРЦ Ашмет Елезовски.

Од Владата информираат дека на средбата, претставниците на Здружението НРЦ, во одделни излагања го запознале премиерот со својата работа и програмски цели, истакнувајќи дека тие работат на подобрување на правата, не само на припадниците на ромската заедница, туку на сите граѓани со различна социјална и етничка структура, особено на маргинализираните и социјално најранливи категории.

– Овој ден, 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, е одлична можност да ви кажеме благодарам за сето она што го работите за децата, жените и општо за правата на Ромите, за подобрување на нивниот квалитет на живот и за останатите граѓани, бидејќи вашиот активизам е од непроценливо богатство и од помош и за напорите и мерките што ги презема Владата, истакна Заев, честитајќи го празникот и потенцирајќи дека од име на извршната власт и на сите граѓани изразува искрена благодарност за сиот активизам на граѓанските организации, со надеж дека Владата дополнително ќе ги мотивира во понатамошните заложби.

Тој подвлече дека Владата е насочена да работи на социјалните аспекти, за подобрување на инфраструктурата, условите за образование и за вработување на припадниците на ромската заедница.

– Искрена ни е намерата да постигнеме еднакво општество за сите граѓани, порача Заев, подвлекувајќи дека Република Северна Македонија создава услови за живот што одговараат на една земја-членка на Европската Унија.

Директорот Елезовски и претседателката на Управниот одбор на Здружението, Нада Стојменова нагласија дека Националниот Ромски Центар ќе продолжи со мисијата за решавањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и оние најранливи групи на кои им е потребна социјална, здравствена и правна помош, со единствена цел, остварување социјална инклузија и вклучување правда и еднакви права за сите, се наведува во соопштението од Влада.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close