Признание за издавачки проект на „Македоника литера“ во Кина

Издавачкиот комитет при Кинеската издавачка асоцијација ги одбра најдобрите меѓународни преводни проекти на кинеската литература во рамките на иницијативата за соработка „Појас и пат“.

Од неколку стотици издавачки проекти, меѓу 25-те најуспешни проекти досега, избрана е серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“, која македонската издавачка куќа „Македоника литера“ ја реализира во соработка со издавачката куќа „Делфин книги“ од Пекинг и во која досега се публикувани 18 книги – избори од прозното творештво на најпознатите современи кинески писатели за деца и млади.

Оваа репрезентативна и антологиска серија е прифатена како нова и исклучително квалитетна понуда за македонските читатели, а текстови од овие книги веќе се најдоа и во новите учебници и прирачници за основното образование.

На Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип досега се изработени над дваесетина семинарски теми за книги од серијата, како и еден дипломски труд посветен на целата серија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 156, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот