Признал дека задремал на воланот: Приведен возачот на косовскиот автобус

Фото: Screenshot/YouTube

По завршениот увид на местото на кое утрово се случи тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 10 лица, обвинителството од Славонски Брод констатирало дека автобусот на Дева Турс од Приштина, кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

Возачот на автобусот е приведен и тој на полицијата ѝ признал дека задремал зад воланот.

– Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава, велат од обвинителството.

Неофицијално, тој го презел управувањето на граничниот премин Брегана, каде што се заменил со својот колега.

ВИДЕО | Косовски автобус се преврте во Хрватска: Во страшна сообраќајна незгода 10 луѓе го загубија животот, а десетици се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот