Приврзаниците на Моралес во нови судири со полицијата (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Еден ден откако опозициската лидерка Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија, а два дена по оставката на Ево Моралес, во земјата избија нови судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата.

Притоа полицијата употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите, јавија американските медиуми.

Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кои се сметаат за упоришта на Моралес, и вееја разнобојни домородечки знамиња и извикуваа „ Сега, граѓанска војна”.

-Не сакаме ниту  еден диктатор. Оваа жена тргна на нас и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора куќата да ја доведе во ред- изјави една учесничка на протестот.

Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија и покрај то што немаше кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи приврзаниците на левичарската партија на поранешниот претседател, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето. И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот на бара задолжителен кворум во Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот