Привремена канцелација во Белата куќа: Трамп ќе биде сместен во просторија на ниво на подрумот

Фото: EPA-EFE/KEN CEDENO / POOL

Новиот работен простор на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа ќе биде привремена канцеларија што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа, пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Кабинетот на Трамп се наоѓа на третиот кат во Белата куќа, додека новата привремена канцеларија ќе биде поставена за лекарите и медицинската опрема да бидат во близина во случај на потреба.

Просторијата во која ќе биде сместен Трамп се наоѓа веднаш до медицинското одделение, кое вклучува просторија за прием, просторија за прегледи и лекарска канцеларија на претседателот.

„Си-Ен-Ен“ наведува дека покрај тоа, се е така испланирано за претседателот биде на спротивната страна од западното крило, каде има повеќе случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот