Привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев”

Нов привремен сообраќаен режим се воведува утре на мостот „Гоце Делчев” во Скопје при што сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, информира Град Скопје.

„Од среда (14 август) до понеделник (19 август), под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално. Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар“, соопшти Град Скопје.

Оттаму потсетуваат дека фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим за проектот „Реконструкција на дилатации на мост „Гоце Делчев” во двата правци” се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 9 јули до 19 август годинава.

Градот Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да се придржуваат до времениот режим на сообраќај и да имаат трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот