Привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев”

Нов привремен сообраќаен режим се воведува утре на мостот „Гоце Делчев” во Скопје при што сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, информира Град Скопје.

„Од среда (14 август) до понеделник (19 август), под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално. Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар“, соопшти Град Скопје.

Прочитајте и...  Граѓани на Минеаполис одржаа и мирен протест со танцување и пеење (ВИДЕО)

Оттаму потсетуваат дека фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим за проектот „Реконструкција на дилатации на мост „Гоце Делчев” во двата правци” се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 9 јули до 19 август годинава.

Градот Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да се придржуваат до времениот режим на сообраќај и да имаат трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Прочитај повеќе

Во Италија раст на бројот на починати, но не и на новозаразени

Слободен печат

Општина Кисела Вода ќе набави минибус за превоз на деца

Слободен печат

Николовски: Чулев се справува најдобро можно, СДСМ очекуваше да тепа луѓе

Слободен печат

Нов закон во Кина: Прво „оладување на чувствата“па потоа развод

Слободен печат

Десетгодишно девојче чие дело инспирира: Челси им подари 1.500 пакетчиња на децата без родители (ВИДЕО)

Австријците од средината на јуни нема да носат заштитни маски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

МИА Агенција

Д-р Пановски: Со внуците на дистанца, во парк, не да се собираат и заседнуваат

Слободен печат

Почина најстариот човек на светот: Ги преживеа двете светски војни, шпанската треска и подемот и падот на Советскиот Сојуз

Слободен печат

Триесет отсто од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

Слободен печат

Џонсон и Трамп согласни: Планот на Пекинг ја загрозува автономијата на Хонгконг

Слободен печат

Тајван го поништи законот според кој за прељуба се одеше во затвор

Слободен печат