Привремен сообраќаен режим на дел од скопскиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов”

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод од денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, во близина на Паркот Македонија во Општина Карпош.

Како што информира Градот Скопје, времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

– Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од улицата „Јуриј Гагарин”, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, се додава во соопштението на скопските градски власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот