Привремен сообраќаен режим на дел од Пластичарска улица во петок

Во периодот од 8:00 до 00:00 часот во петокот булеварот „Никола Карев” (познатата Пластичарска улица) комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата „Македонско-косовска бригада” до крстосницата со улицата „Самоилова”.

Од Град Скопје информираат дека затворањето за сообраќај ќе биде поради изведување градежни работи за асфалтирање на овој булевар.

Додека траат градежните работи, посочуваат од Град Скопје, на оваа делница ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Оттаму апелираат до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим на овој булевар и поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот