Приведено лицето кое упатуваше вулгарности кон сопругата на Пендаровски и ќерката на Заев (ВИДЕО)

Во врска со видео материјалот кој денеска се споделува по социјалните мрежи, на кој се гледа лице кое го нарушува јавниот ред и мир и непристојно се однесува, МВР излезе со соопштение во кое наведува дека лицето Х.Ј. е приведено.

  • Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци- стои во соопштението од МВР.

На видеото со вознемирувачка содржина, човек качен на кров од кола паркирана на сообраќајна лента пред Зелен Пазар, извикува погрдни и недолични пцовки кон сопругата на претседателот Стево Пендаровски, но и кон ќерката на лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев.

Снимката се рашири денеска на социјалните медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот