Приведено лице за реметење на редот на паркингот на Клинички

Клинички центар/ Фото: Драган Митрески

Полицијата информира дека привела едно лице што го реметело јавниот ред на паркингот на Клинички центар во Скопје.

– По добиени сознанија за реметење на јавниот ред на паркингот на Клинички центар, од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки, при што е идентификуван Ф.М.(40) од Скопје. Притоа е утврдено дека на 12.01.2021 година околу 10.15 часот Ф.М. го нарушил јавниот ред и мир во кругот на клиничкиот центар. Со него е извршен разговор во полициска станица и ќе биде поднесен соодветен поднесок, а се преземаат и дополнителни мерки и активности – информира полицијата.

ВИДЕО: Три години глумат редари на паркингот на Клинички, наплаќаат пари, а полицијата не реагира

„Слободен печат“ деновие пишуваше дека непознати лица на возраст од 25 до 40 години го узурпираат паркингот на Клинички центар, односно со сопствени возила заземааат слободни места, а на останатите возачи им бараат од 50 до 100 денари за да го тргнат својот автомобил.

МВР го испитува случајот со дивите препродавачи на паркингот на Клинички центар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот