Приведено лице во Драчево по распишана централна потерница

Македонска полиција / Фото: МИА

На 21.06.2021 во 23.55 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела вода, Отсек за потраги, на ул.„Стари Новакиња” во нас.Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода М.Н.(31) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со чл.236  од Кривичен законик. М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот