Приведено лице од тетовско Доброште по кое била распишана потерница

Попладнево околу 14:50 часот во село Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, врз основа на судска наредба, го привеле А.А. (62) од село Доброште, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што се посочува, ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот