Приведено лице на скопскиот аеродром, запленети марихуана и хашиш

Аеродром Скопје фото архива на Слободен печат

На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје”, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш.

К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот