Приведено лице кај кое се најдени 13 000 фалсификувани евра

Тетовската полиција денеска по извршен претрес приведе 44 годишен жител на Долна Лешница кај кого се најдени над 13 илјади фалсфикувани евра и други вид материјал и документи за слични дела. Претресот и приведувањето се направени во периодот од 10 часот и 30 минути до 11 часот и 20 минути.

– Полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории на Б.Џ.(44) во тетовска Долна Лешница. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени му се и со потврда му се одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани, обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По документирање на случајот на приведениот ќе му биде изготвен соодветен поднесок согласно Кривичниот законик за „фалсификување пари” и „фалсификување исправа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот