Приведено лице од Скопско за предизвикување пожар на отворен простор

Шумски пожар/Фото: МИА

Службеници од Полициската станица Драчево синоќа во 19:20 часот го лишиле од слобода Ф.С. (59) од скопското село Долно Количани, бидејќи предизвикал пожар на отворен простор.

– Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11:55 часот, според која покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „Шкода Фелиција” со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, информираат од МВР.

Во координација со јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот