Приведено лице од Албанија кое се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси” од Интерпол-Швајцарија

Полиција / Фото: МВР

Дваесет и седумгодишно лице од Република Албанија е приведено вчера попладне на Граничниот премин „Долно Блаце” за кое е констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси” од Интерпол-Швајцарија.

– На 31 јули 2021 во 18:30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце”, на влез во државата, од полициски службеници бил лишен од слобода П.Е.(27) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси” од Интерпол-Швајцарија, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот