Приведено едно лице во Струга, запленети пиштол и муниција

Фото: МВР/илустрација

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид – ОВР Струга денеска околу 16 часот на влезот од Струга го лишиле од слобода  А.А.(42)  од с.Франгово затоа што при извршен претрес, по претходна добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен Суд Струга, во патничкото возило „мерцедес” кое го управувал, бил пронајден пиштол марка „хеклер и кох компакт” и 50 куршуми калибар 9 мм.

За настанот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен поднесок по чл.396 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот