Приведени три лица од гостиварско, запленет хероин

Хероин / Форо: Архива на Слободен печат

На 10.05.2021 околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште.

При нивен и преглед на возилото „опел вектра”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, им бил пронајден хероин. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” денеска (11.05.2021) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот