Приведени три лица на ГП Делчево: Двајца Турци и жител на Виница се обиделе да влезат во Македонија со фалсификат ПЦР тестови

Фото: mia.mk
Двајца турски државјани и еден жител на Виница се лишени од слобода, откако на граничниот премин Делчево приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. По утврдувањето на фалсификатот, како што стои во соопштението од МВР, лицата биле предадени на Одделот за прекуграничен криминал при Регионалниот центар Исток со седиште во Делчево.
– На 24.02.2021 вo 21:30 часот на граничниот премин „Делчево”, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д. (20) од Виница и Г.Е. (28) и Ф.Ц. (30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат. Лицата биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток, се вели во соопштението од полицијата.
Како што додаваат оттаму, за лицата врз база на утврдениот фалсификат ќе биде поведена понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот