Приведени три лица кои не дозволувале полицајци да извршат контрола во угостителски објект

фото: Слободен печат, архива

На 03.06.2020 година во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Љ.Р.(29), Ѓ.К.(36) и Р.Т.(25), тројцата од село Раклиш, радовишко, поради тоа што попречувале службени лица во вршење службена дејност.

Тие ја оневозможувале работата на полицајците кои сакале да извршат контрола во угостителскиот објект во Радовиш, во врска со почитување на мерките за носење на лична заштита.

Тие биле приведени во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот