Приведени шест лица поради инцидент во ГОБ „8 Септември”, еден од нив позитивен на ковид-19

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица  со специјални протоколи.

Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје.

Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од КОВИД-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица  со специјални протоколи.

Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември”. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19  ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

Д-р Костов за инцидентот пред ГОБ 8 Септември: Жената била на респиратор со денови, семејството беше агресивно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот