Приведени седум мигранти во Кумановско

Фото: Илустрација

Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица, информира МВР.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце“, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс“, кое превезувало мигранти.

– Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка- наведуваат од МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот