Приведени се пет лица кај кои било најдено дрога

Македонска полиција/ Фото: Миа

Тетовската полиција информира дека во два одвоени случаја во текот на вчерашниот ден полициски службеници нашле дрога, поради што приведени се вкупно пет лица.

– Околу 16:30 часот, на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода  И.Х.(42), Н.М.(61) од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале,  пронајден им бил хероин, соопшти денеска СВР Тетово.

Вториот случај е евидентиран во Лешок неколку часа подоцна.

– Околу 22:45 часот, во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Ф.С.(38) и С.А.(47), затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., им била пронајдена марихуана, информираат од полицијата.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица во Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот