Приведени премиерот на Федерација БиХ и уште две лица поради аферата респиратори

Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина” Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување  во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори.

Тие и претходно дадоа изјава пред истражителите откако случајот го презеде Обвинителството на БиХ.

Во средата полицијата му го одзеде телефонот на Новалиќ за вештачење, при што треба да се утврди со кого тој контактирал за набавката на респираторите.

Спорните респиратори се набавени од Кина за 5,3 милиони евра, но се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина” можела да увезе респиратори, кога е регистрирана како фирма за преработка и одгледување на овошје и зеленчук.

Фирмата бизнисот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот