Приведени осум лица, растурена домашна забава во Скопје

Полицијата ноќеска растурила домашна забава во населбата Карпош во Скопје и привела осум лица.

Од СВР Скопје информираат  дека ноќеска  во 01.28 часот по добиена пријава полициски службеници  од ПС Карпош извршиле контрола во стан на булеварот 8 Септември, во кој престојувал П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот