Приведени околу 20 новинари во Москва кои протестираа за апсењето на Софронов

Руска полициска униформа / Фото: Архива на Слободен печат

Околу 20 руски новинари, кои дојдоа да го поддржат својот колега, поранешниот новинар на „Комерсант”, Иван Софронов, обвинет за државно предавство, беа приведени денеска пред истражниот затвор Лефортово во Москва.

Учесниците на мирниот протест, претежно новинари, носеа маички „Слобода за Софронов” и без образложение се спроведени во полициски комбиња.

Софронов, кој беше уапсен на 7 јули, тогаш беше на позицијата советник на шефот на Руската агенција за вселенско истражување (Роскосмос).

Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека Софронов им предавал тајни податоци за воено-техничката соработка меѓу Русија и африканските земји на една од специјалните служби на НАТО во текот на 2017 година.

На Софронов денеска официјално треба да му биде претставено обвинението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот