Приведени криминалци од Тетовско барани со потерница

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Во тетовското село Доброште вчера во 10.40 часот полициски службеници со судска наредба го привеле Д.И.(31) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Денеска, пак, во 10.20 часот во тетовското село Голема Речица од полициски службеници со судска наредба бил приведен И.Ш.(51) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „кражба”.

Д.И. и И.Ш. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово во Тетово, за издржување на казните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот